Руската медицинска помош и лекари пристигна во Италија

Во Италија пристигна рускиот воен конвој составен од медицински експерти и специјалисти. Конвојот се упати од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо, градот од северот на Италија кој е еден од најтешко погодените градови од вирусот КОВИД-19.

И покрај санкциите кои ЕУ, под влијание на САД и Велика Британија, ги спроведува кон Руската Федерација, сепак оваа земја, покрај Народна Република Кина и Куба, беше една од првите земји кои се одзваа на повикот на Италија за помош во борбата против ширењето на пандемијата на Корона вирусот.