Без вонредна состојба не можат да се одложат изборите

Откако претседателот Пендаровски на денешната прес-конференција изјави дека нема да се прогласи вонредна состојба, проф. Апасиев на својот фејсбук профил објави свое правно толкување.


,,Aj, чисто процедурално (оти глеам сите ногу големи правници станале)… Не постои правен начин за одлагање на изборите без прогласување ВОНРЕДНА СОСТОЈБА од страна на Претседателот на Републиката! Какво Собрание, какви спикери, какви бакрачи… Не си прајте бајрам со паметот. Се друго е противуставно и ќе предизвика контраефект и нова политичка криза.

p.s. Има уставно-судски преседан дека еднаш РАСПУШТЕНО Собрание не може пак да се состане! Не си играјте играчки, сериозна е ситуацијава – не долевајте уште масло на огнот со вашето силеџиско незнаење.”