Апасиев: УСЈЕ при увоз декларира „еколошко гориво без јаглерод“, а увезува 100,000 тони високотоксичен отпад
Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, објави на својот фејсбук профил дека „официјалните податоци од Министерството за животна средина под раководство на ДУИ се фабрикувани, бидејќи според познавачите на состојбите Цементара УСЈЕ при увоз декларира „еколошко гориво без јаглерод“, а увезува 100,000 тони високотоксичен отпад од текстилната индустрија од Европа!!“
Во текот на вчерашниот ден, координаторите на пратеничките групи го одложија гласањето за забраната за увоз на отпаден отпад, додека воздухот во повеќе градови во Македонија повторно беше загаден неколкукратно над дозволената максимална граница.
Официјалните податоци од Министерството за животна средина под раководство на ДУИ се фабрикувани, бидејќи според…
Публикувахте от Димитар Апасиев в Сряда, 22 януари 2020 г.