АктуелноИнтернационално

Со одбивањето виза за Иранскиот министер за надворешни работи за посета на Советот за безбедност, САД го изгубија моралното право да бидат домаќин на ООН

Американската влада одби да му ја продолжи визата на Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф за да учествува на состанокот на Советот за безбедност при ООН одржан на 9. јануари. Зариф аплицирал за виза пред заладувањето на односите помеѓу Иран и САД заради атентатот врз генералот Касим Сулејмани. Ова не е првпат Американската влада да одбие виза на официјални претставници од членки на ООН кои не ги спроведуваат политиките на САД да присуствуваат на состаноци на Обединетите Нации.

Иранскиот министер за надворешни работи е моментално под санкции на Соединетите Држави. Санкциите, наметнати во јули 2019 „го замрзнуваат“ имотот на Зариф во САД(и покрај тоа што Зариф нема имот во САД). Но сепак, САД му дозволија на Зариф да учествува на оводинешното Генерално Собрание на ООН кое се се одржа во септември.

Соединетите Држави служат како земја домаќин на Обединетите Нации и според договорот потпишан со ООН во 1947, немаат право да не дозволат присутво на кој било официјален претставник на земја членка на ООН. Меѓутоа и покрај тоа, САД, толкувајќи свои резолуции од Конгресот кои се однесуваат на овој Договор, инсистираат дека можат да одлучуваат кој ќе присуствува, а кој не на состаноците на Обединетите Нации.

Така САД, во 1988 одби да му издаде виза на лидерот на Палестинската Ослободителна Организација Јасер Арафат, со што му оневозможија да се обрати пред Генералното Собрание на ООН. Во 2013 САД одби да му издаде виза на Суданскиот претседател Омар ал-Башир. Во 2014 САД одбија да му издадат виза на Хамид Абуталеби, новоназначениот Ирански амбасадор во ООН. Во април 2019, САД и ја прeкинаа визата на Фату Бенсуда, главната обвинителка на Интернационалиот Кривичен Суд, затоа што изјави дека ќе истажува можни воени злострства во Авганистан направени од страна на Американските сили. Во 2018, за време на аферата со труењето на Скрипал, Соединетите Држави заедно со своите НАТО сојузници наредија протерување на руски дипломати. Од 60 дипломати кои САД ги протера, 12 беа акредитирани како официјални руски претставници во ООН, а не во САД и тоа е чисто прекршување на меѓународниот договор меѓу САД и ООН во врска со седиштето на Обединетите Нации. Долг е списокот на американско прекршување на правата на дипломатите во ООН кои се од држави кои не ја следат американската политика и одбиваат да бидат вазали. Неодамнешна статија во Foreign Policy објави дека „Претставниците на ООН делегациите од Кина, Куба, Иран, Никарагва, Сирија, Русија и ДНР Кореја, изјавуваат дека нивните дипломати како и нивниот персонал се предмет на зголемено ограничување на движењето, проблеми со визите и возачките дозволи, додатни безбедносни проверки и ограничен пристап до банкарски услуги потребни за нивната дипломатска работа.

Затоа може слободно да се заклучи дека Соединетите Американски Држави се однесуваат со непочит према институцијата ООН како и генерално према меѓународното право, а со тоа губат кредибилитет и морално право да бидат домаќини и седиште на било каква интернационална организација. Во светот има многу држави и градови кои би можеле и заслужуваат да ги заменат.


PhD George Szamuely, превод од rt.com