Сатира

З’ш Охрид немат да бидит избркан од УНЕСКО

Писмо од Збунет Охриѓанец.


Па ние сами ќе си заминиме немат потреба од бркање,
кој бил УНЕСКО да ни кажвит како да бидит градчево наше.
Знајте со колку мака се напраени сите тие платформи, згради доградби, колку пари ќе напрает обичните граѓани на грбот на вредните “газди,началници”.

Шо барет децава наши да си игрет в песок на плажа
ко может ко газди на лежалка да си лежет.
Воздухот бил загаден глупост невидена,
Скопјаништана муабет ни ваѓет зш им е мака
кај нив колку е загадено.

Дури и депонијата од Буково ќе ја префрлиме во Косел
(ем поблизу ни е ем секако смрдит на расипани јајца).
Секој предлог за башибозук ќе го прифатиме и наградиме,
и ак требит ново УНЕСКО ќе напрајме.

И за крај ” Мат имат?? Немат ама и УНЕСКО ќе го снемат”