АктуелноЛокално

Охрид СОС: Владата заради бизнис-интереси манипулира со Планот за управување на Охридскиот регион

Реакција на иницијативата Охрид СОС.


СИТЕ ЛИЦА НА ВЛАДАТА

Иако себеси се рекламираа како транспарентни, владата предводена од Зоран Заев, преку министерствата, државните институции, работат и делуваат спротивно на Уставот и интересот на сите жители на Република Македонија. Како доказ на тоа е и реакцијата на Фронт 21/42, упатена до претседателот Стево Пендаровски, која се однесува на процесот на усвојување на Планот за управување со Охридскиот Регион. Министерството за култура на својата интернет страница додава документи пред неколку дена, а датумот кој стои во објавата е од минатиот месец. Дали е ова начинот на кој треба да делува една државна институција, со лажирање, со манипулација? Ова сигурно не е направено без знаење на министерот за култура Хисни Исмаили.

Она што го започнаа Едмонд Адеми, Константин Георгиески и нивната свита, во Баку, преку политичко лобирање за давање дополнителен период за „средување на работите“, наместо регионот да се стави на листата светско наследство во опасност и заедно со светските институции да се отпочне процес на суштинско решавање на проблемите напластени со децении, преку давање лажна слика дека се донесени одредени закони и одредби иако тие можеби не се ни во процедура сè уште, сега продолжува и од страна на министерствата.

На барање на нашата иницијатива, да се објават мапите кои се во предлог планот за управување со Охридскиот Регион, бидејќи се премали и не можат да се видат сите детали, од страна на владините претставници или соработници во изготвувањето на документот (присутни на јавната расправа во Охрид беа Зоран Павлов од Управа за заштита на културното наследство, Ана Петровска од Министерство за животна средина и просторно планирање и Мартина Блинкова) беше речено дека не биле законски обврзани да споделуваат ГИС мапи. Но, Антонио Гавриловски од Општина Охрид за денес (четврток) во 14.30 во мала сала закажал средба, на која најверојатно ќе се презентираат мапите, од страна на Ана Петровска, државниот секретар во МЖСПП, само за поканети странки.

А каде се тука жителите на Охрид, јавноста, зошто овие битни елементи не се објавуваат јавно, на интернет страницата на министерството или на увид во општинската зграда, зошто не се поканети медиуми, граѓани заинтересирани. Ова е таа транспарентност? Охридскиот Регион е ограничен само на одредена група луѓе?

Институциите наместо да се борат за Охридскиот Регион, тие прават сè за да се донесат нејасни закони и одредби, да се создаде форма без суштина, да се заситат повторно бизнис интересите над оние јавните. Се прави шминка со која се надеваат дека ќе го „задоволат“ UNESCO па да се тргне вниманието од регионот, како би можеле тие да продолжат по старо. Многу врева за ништо, ниеден нелегален објект не е срушен, не е стопирана градба, не се исполнуваат ни другите одредби а времето до февруари се намалува. Министерот Адеми држи говори, министерот Нуредини молчи, заменик-министерот Јани Макрадули пушта бркови. Во стил на премиерот Заев – сите растрчани, проблемот стоо.

СИТЕ ЛИЦА НА ВЛАДАТАИако себеси се рекламираа како транспарентни, владата предводена од Zoran Zaev, преку…

Публикувахте от Охрид SOS в Четвъртък, 21 ноември 2019 г.