Градежен работник паднал од трети кат и се повредил. Газдата глумел дека не го познава
Градежен работник вчера паднал од скеле на третиот кат од објект во изградба во Штип. Несреќата се случила во населбата 8 Ноември од каде работникот со повреди на нозете и ребрата бил пренесен во штипската клиничка болница.
Извори на ТВ Стар потенцираат дека работникот не бил осигуран а при сослушувањето газдата изјавил дека тој работникот не го познавал. Според него, тој на третиот кат од зградата се качил од љубопитност.
За несреќата информирани се полицијата, трудовиот инспекторат и јавното обвинителство.
текстот е превземен од ТВ Стар