АктуелноЛокално

Хорор во струшката дијализа откако прокисна покривот на болницата

На социјалните медиуми денес беше објавено видео од Заводот за нефрологија во Струга, каде се гледа поплавената болница од вчерашното невреме. На видеото дел од пациентите сместени во овој центар се покриваат со најлони за да се заштитат.

Оваа установа и покрај бројните негодувања, во 2013 година беше издадена под концесија на корпорацијата Орка Холдинг, која го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови.

Со години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати во овој регионален центар, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Од болницата и претходно реагирале дека во моментов користат апарати за хемодијализа, стари десеттина години, и веќе на истите им поминувал рокот на употреба.

Минатата година во јули, при посетата на заменик-министерот за здравство Асим Муса беше најавено дека во следните денови ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга.

Проектот за реконструкција на покривот, како што тогаш истакна бил подготвен додека тој бил директор на установата, но поради изборите бил пролонгиран. Тогаш заменик-министерот посочи дека освен покривот дека ќе се менуваат и вратите, прозорците, подовите, ќе се реконструираат салите.

Од болницата неколку пати имаат побарано да им биде вратена и амбулантската дијализа, која во 2013 година беше дадена под концесија. Како што информираат од струшката болница за дијализа, годишно таму третман добиваат неколку илјади пациенти, а се спроведувале и 10 000 стационарни дијализи. Заводот за нефрологија и дијализа Струга е единствена болница од ваков тип во регионов и тука се лекуваат пациенти од цела Македонија. Исто така сеуште редовно доаѓаат и пациенти од Албанија.

#prijava #denoncim▪VIDEO/A.Iloska: "Momentalno vo Nefrolosko odelenie vo Struga. Mameto da vi go e** na site ta…

Публикувахте от VOX Struga в Вторник, 10 септември 2019 г.