АктуелноИнтернационално

„Корејскиот полуостров ќе биде обединет до 2045“ вели официјален Сеул

Претседателот на Јужна Кореја (Република Кореја), Мун Џае-ин, се заколна дека ќе успее да постигне реобединување на Кореја до 2045 година, еден век по крајот на јапонската окупација на полуостровот. 

Во говор по повод одбележување 74-годишнината од крајот на јапонската окупација (1910-1945), Мун изјави и дека Сеул доброволно би соработувал со поранешниот колонијален господар под услов Јапонија да отстапи од економската војна и да се соочи со својата воена историја.

Мун кој е избран како кандидат на Демократската Партија, гласно се залага за денуклеаризација и демилитаризација на Корејскиот полуостров. Тој ги повика американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот корејски колега, Ким Џонг-ун, да организираат нов, четврт самит „во најскор можен рок“.

Според Мун Џае-ин, денуклеаризацијата и поголемата економска соработка на линија Север-Југ се темелите за долгорочен мир на полуостровот. Тој, освен ветувањето за реобединување до 2045 година, даде и ветување за одржување на Олимписки Игри под заедничко покровителство на Пјонгјанг и Сеул во 2032. „Нов корејски полуостров, што ќе донесе мир и просперитет за своите жители, источна Азија и светот, нѐ чека во иднината“.