Левица: Заедно со тужбата од генсекот Рашковски ја очекуваме и неговата оставка
Соопштение на политичката партија Левица.
„После новообјавената бомба на медиумот Економски Лидер, се потврди дека генералниот секретар на Владата не смеел да преговара со компанијата Леонардо околу јавната набавка за М-НАВ, затоа што тендерот сѐ уште не бил комплетиран, но и покрај тој факт Рашковски инсистирал спорниот состанок да се одржи. Во објавената аудио-снимка генсекот јасно констатира дека прават работи кои се предмет на истрага.
Иако Рашковски на одржаната прес-конференција изјави дека немал надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, наводно тоа го правел затоа што бил задолжен од Владата. Како доказ дека тоа му било наложено, на новинарите им беше доставен документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на Владата на кој му се дава таков налог.
Доколку за владата на СДСМ која наводно се залага за „општество за сите” не беа доволни скандалозните расистички навреди за генералниот секретар да си поднесе оставка, после ваквото очигледно кршење на законските прописи од вториот човек во Владата, единствено што е прифатливо за јавноста е поднесување оставка и отварање кривична постапка од страна на Јавното обвинителство. Наместо да се заканува со кривични пријави и тужби за клевети до поединци и медиуми, крајно време е генералниот секретар да го прочита Законот за Влада и да си поднесе оставка.”
ЗАЕДНО СО ТУЖБАТА ОД ГЕНСЕКОТ РАШКОВСКИ ЈА ОЧЕКУВАМЕ И НЕГОВАТА ОСТАВКАПосле новообјавената бомба на медиумот…
Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Събота, 6 юли 2019 г.