АктуелноИнтернационално

Српската опозиција насилно влезе во РТС

Политички драми се одвиваат во моментов во главниот град на Србија. Поточно сѐ работи за националниот телевизиски сервис – РТС. Според извори од терен опозиција насилно влегла во просториите на РТС барајќи да им биде овозможено телевизиско гостување.

Српскиот еквивалент на “шарените”, попознати како “1 од 5 милиони”, и лидерот на опозицијата во моментов одбиваат да си заминат. Полиција е пратена да го зачува редот и да ги заштити работниците во РТС. Видео на твитер покажува благо туркање помеѓу припадниците на полицијата и лидерот на опозицијата – Драган Џилас.