АктуелноИнтернационално

Кина се понуди да и помогне на Венецуела

Кина објави дека е подготвена да и помогне на земјата да ги надмине прекините на електричната енергија и да обезбедат техничка поддршка за надминување на проблемот со преносот на електричната енергија.

Неодамна, венецуелската влада изрази сомнеж дека прекините на електричната енерија, со која се соочи во околу 70% од територијата на државата, се предизвикани од сајбер напади во кои се инволвирани САД и нивните тајни служби.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг (Lu Kang), изјави дека Пекинг ја забележал веста во врска со сајбер нападите како причина која предизвика прекин на електричната енергија во Венецуела. “Кина е длабоко загрижена за ова”, изјави Лу, кој уште дополни дека се надева наскоро ќе биде откриена причината за ваквиот проблем на Венецуела и државата ќе се врати во нормална состојба со стабилноста на електричната енергија, како и нормализиран социјален поредок. Лу потенцира уште и дека „Кина е подготвена да обезбеди помош и техничка поддршка за да ја поправи преносната мрежа за електрична енергија на земјата“.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, посочи дека тие ќе обратат до Кина, Русија, Куба, Иран и Обединетите нации за да го истражат нападот, од кој беше предизвикан проблемот со снабдувањето на електрична енергија ширум Венецуела.