Писмо на Роџер Вотерс за поддршка на Венецуела
Писмо на Роџер Вотерс, објавено на официјалниот фејсбук профил на членот на легендарниот бенд Пинк Флојд.
Една од реакциите што ги добив за мојот твит за поддршка на Венецуела беше од мој стар пријател, иселеник-музичар од Венецуела
Мојот неодамнешен твит, „САД – рацете подалеку од Венецуела“, ја доби вообичаената канонада од сите оние кои говорат во името на венецуелскиот народ, повеќето од нив припадници на белата средна класа во Њујорк. Ти, драг пријателе, препирајќи се со мене, надевајќи се дека ќе ме поучиш, ми го насочи вниманието кон отвореното писмо напишано од младата дама Адриана Колхофер кое е адресирано до „Демократските социјалисти на САД“, назначено за сенаторот Берни Сандерс, конгресменот Кортез, конгресменот Омар, конгресменот Кхана и целото Демократско-социјалистиичко крило во рамки на Демократската Партија. Ме убедуваше да го прочитам. Го сторив тоа, па за да знаат останатите за што зборуваме, еве го линкот од писмото: https://medium.com/@akohlhofer18/an-open-letter-to-us-democratic-socialists-from-venezuelan-expatriates-9a3e26eb834d
Значи, го прочитав писмото, кое претставува уште една страсна расправа за поддршка на санкциите на САД и останати интервенции врз Венецуела, со надеж дека тоа ќе доведе до промена на власта. Промена на власта која ќе го олесни воспоставувањето на неолиберални економски политики, вклучително и враќање на венецуелската нафтена индустриија во приватни раце. Тоа е стара, стара приказна која сите сме ја чуле претходно. Мојот личен став е дека приходите од нафта треба да продолжат во што поголеми количини, да се користат во интерес на народот на Венецуела, преку национализираната индустрија создадена од Хуго Чавез, херојот на револуцијата, домороден син на неговата и вашата земја, на која длабоко и недостига. До каде бев? Ах да, откако го прочитав писмото, се запрашав, која е Адриана Колхофер, која претендира да зборува во име на народот на Венецуела, па ја изгуглав. Мора да се насмеете на ова:
Адриана Колхофер, личен банкар (аналитичар за управување со приватно богатство)
Во ред Адриана Колхофер, портпарол на луѓето од Венецуела, повели нешто кое всушност е од народот на Венецуала… Подолу се резултатите од студиија спроведена помеѓу 7-ми и 20-ти јануари 2019 година, од страна на Хинтерлеајс, добро позната и почитувана компанија за анкети, предводена од независниот анкетар Оскар Шемел, како што е соопштено во програмата на Џозе Винсенте ХОИ. Ова се одговорите од луѓето кои живеат во Венецуела.
На прашањето, дали се сложувате или не со моменталните економски и финансиски санкции од страна на САД врз народот на Венецуела, со цел да се отстрани претседателот Мадуро од власт?
81% од анкетираните Венецуелци одговориле „не се согласувам“.
На прашањето, дали би се согласиле со меѓународна интервенција врз Венецуела, со цел отстранување на Мадуро од власг?
78% од анкетираните Венецуелци одговориле „не се согласувам“.
На прашањето, дали се согласувате е или не се согласувате со меѓународна воена интервенција врз Венецуела со цел отстранување на претседателот Мадуро од власт?
86% од анкетираните Венецуелци одговориле „не се согласувам“
Во принцип, дали се согласувате или не се согласувате за воспоставување дијалог помеѓу националната влада и опозицијата со цел надминување на актуелните економски проблеми во државата?
84% од анкетираните Венецуелци одговориле „се согласувам“.
Па Адриана, како што гледаш, овие резултати покажуваат дека мнозинството од венецуелскиот народ, кој всушност живее таму, верува во различна приказна и воопшто не се согласува со таа која ја продавате вие г-ѓа личен банкар или Доналд Трамп, или Мајк Помпео, или Исак Абрамс, или Џон Болтон, или потчинетите американски мејнстрим медиуми, или подеднакво покорните следбеници во САД и Канада и Австралија, или НАТО и ЕУ и сите десничарски диктатури поддржани од САД и квази-демократиите во Латинска и Јужна Америка. Резултатот од анкетата претставува силен крик од измачени луѓе.
Немам поголемо право за да ја интепретирам нивната приказна отколку тебе, но моја претпоставка е дека нивната приказна е повеќе ваква “Ве молиме, жители на САД, убедете го вашиот претседател и неговата влада да ги укине смртоносните и драконски санкции што ги наметнавте врз нас, ве молиме подигнете ја блокадата од нашите животи, и дајте ни време и простор да го пронајдеме нашиот сопствен пат и да го исполниме венецуелскиот сон за праведно и стабилно социјалистичко општество.
Ние сме горд и способен народ, ние поминавме долг пат од повторното воведување на револуционарниот пат на Симон Боливар од страна на Хуго Чавез во 1998 година. Вашата интервенција која внесува само поделби ја турка нашата нација пред граѓанска војна. Ние не сакаме да бидеме следната Либија или Ирак или Сирија, ве молиме да престанете да ги храните чакалите во нашата средина, ве молиме да престанете да лебдите како мршојадци над нашите нафтени полиња. Ве молиме одете си.”
Значи, мој музички пријателу, те сакам мој брате, но г-ѓа ‘личен банкар” е токму тоа, таа не е никаков пророк сигурно, и зошто ние не ги уапсивме сите овие глупаци после 2008 година никогаш нема да сфатам, но барем да не им дозволиме да ја уништат твојата прекрасна земја за неколку барели катран, затоа што нив само тоа ги интересира.
Со љубов,
Роџер