Патрис Лумумба – Симбол на украдениот континент

Вчера навршија 58 години од убиството на Патрис Лумуба, првиот лидер на најголемата афричка земја – ДР Конго. Оваа држава 85 години претставуваше најексплоатирана африканска колонија од страна на Европјаните. За време на бруталната присилна експлоатација на труд за извлекување суровини (кои беа користени за потребите на западноевропската индустрија) убиени се или умрени преку десет милиони Африканци. Однесувањето на Европјаните, особено праксата на казнување со сечење делови на тело, подоцна прерасна во едно од најужасните сведоштва за злочините на колонијализмот.

Но, после Втората светска војна, локалното население организира отпор барајќи независност, додека Лумумба се истакнува како главен водач на отпорот. Сепак, колонијалните господари (Белгија) не се откажуваат од нивниот главен извор на богатство и од ресурсите кои изобилуваат во една од најбогатите африкански земји. Лумумба во 60-тите години убедливо победува на избори, но веќе следната година белгиската влада, со помош на ЦИА и локални платеници, извршува атентат врз африканскиот лидер.

Од тој ден, со Конго владеат диктатори кои им дозволуваат на западните компании и понатаму да ја искористуваат богатата земја. Скоро секој мобилен телефон кој денес постои е направен со суровини од Конго. И овие суровини најчесто ги извлекуваат деца, често со присилна работа. Жителите на Конго, иако живеат во една од најбогатите земји со природни богатства, спаѓаат во најсиромашната популација на светот.

Нивната шанса за подобар живот е убиена во 1961 година, заедно со Лумумба, при што ова важи и за остатокот од континентот. Или богатството и просперитетот на развиена Европа е изграден врз немилосрдната експлоатација и сиромаштија на Африка.