Поддршка за СЦ Дуња!
На Социјалниот центар Дуња му е неопходна вашата поддршка!
СЦ Дуња е самоорганизиран социјален центар, именуван по младата партизанка Невена Георгиева Дуња, основан во Скопје 2016 г. Антифашизам, анти-расизам и социјална правда се вредностите на нашиот колектив.
СЦ Дуња во овие 2 години беше место каде се одржаа над 180 настани, каде се состануваа многу организации, иницијативи и колективи кои немаат свои простории, каде се слушаше алтернативна музика, се случуваа независни културни, едукативни и хумантирани настани и каде се негуваше духот на солидарноста и активизмот.
За жал, дојде моментот кога натамошното постоење на СЦ Дуња е доведено во прашање поради недостаток на финансии за покривање на основните трошоци, кирија и комуналии. Но, со ваша помош СЦ Дуња нема да згасне.
За сите оние кои сметаат дека важно е постоењето на, за жал единствениот, социјален центар во градот, и дека тој треба да продолжи да функционира, овозможивме два начини за поддршка на СЦ Дуња.
– Gofundme интернет кампања ( https://www.gofundme.com/social-center-dunja-a-call-for-sup… ), каде преку дебитна/кредитна картичка можете да нè поддржите со било која сума (во евра) од било кое место на планетата. Заради ограничувања на платформата, кампањата е креирана во лично име.
– Направивме и втор начин на поддршка на Дуња наменет за сите поддржувачи од Скопје или Македонија кои сакаат финансиски да го помагаат постоењето на СЦ Дуња преку редовни месечни донации. Заинтересираните ве молиме контактирајте нè на email sc.dunja@gmail.com или во порака преку FB.
Ви благодариме на поддршката и ширeњето на гласот за овој повик!
== english ==
Social center Dunja needs your support!
SC Dunja is self-managed social center, named after partisan girl Nevena Georgieva Dunja, and is founded in Skopje in 2016. Antifascism, anti-racism and social justice are the values of our collective.
SC Dunja in the past 2 years was a place where more than 180 events were held, where many meetings were held by organizations, initiatives and collectives that don’t have their space, where alternative music was being listened, where independant cultural, educational and humanitarian events were being held, where the spirit of solidarity and activism was being cherished.
Unfortunately, time has come when further existence of SC is put into question because of lack of funds to cover the basic needs, rent and utilities. But, with your help SC Dunja will not perish.
For everyone that think that the existence of, unfortunately the only, social center in the town is important and it should keep on functioning, we have provided two ways to support SC Dunja:
– Gofundme internet campaign (https://www.gofundme.com/social-center-dunja-a-call-for-sup…), where with credit / debit card you can support us with any amount (in euros), from any place on the planet. Due to limitations of the platform, the campaign is created from personal account.
– The second type of support is for the supporters based in Skopje or Macedonia that want to support us with regular monthly donations. Interested in this type of support, please contact us via email sc.dunja@gmail.com or send us facebook message.
Thank you for the support and spreading the word for this call!