АктуелноЛокално

Левица: за Тевдовски не е важно кој е работник, а кој е газда

Економскиот сектор на политичката партија „Левица“ преку својот ФБ профил денес реагираше на најавениот прогресивен данок на доход, кој предвидува даночење од дополнителни 8% на граѓаните кои ќе го надминат прагот од 90,000 денари.

„За Тевдовски е неправедно некој да заработува (да, со тој збор!) над 1500 евра, но е праведно некој да профитира и милиони евра годишно. Затоа и воведува прогресивен данок на доход, што воопшто не е проблем (не е воошто страшно некој што заработува над 1500 евра да е даночен дополнителни 8%), но данокот на добивка го остава рамен и понизок. Ваквото лицемерие е одраз на вистинската наклонетост на социјалдемократите: кон капиталот, кон корпорациите, кон газдите.

Пред се, за да биде појасно: газдите не заработуваат. Тие профитираат на грбот на своите вработени и тоа нема никаква врска со работа. Тие живеат од туѓиот труд и се легални крадци на туѓиот труд. Ако Тевдовски сака да го даночи доходот на газдите на овој начин, треба да започне да користи терминологија што ќе направи дистинкција помеѓу нивната дејност и дејноста на работниците.

Понатаму, за Тевдовски не е важно кој е работник, а кој е газда – тој гледа само посиромашни и помалку сиромашни работници. Барем во неговите излагања. Но, неговите дела и тоа како ја адресираат оваа реалност и ги фаворизираат газдите. Додека тој не помислува да ги даночи повисоко добивките на корпорациите, туку прва мета му се подобро ситуираните работници, тој го зголемува и онака високиот процеп помеѓу добивките на корпорациите и платите што ги исплаќаат.

И за крај, има ли Владата план како ќе ги троши овие пари? На кој начин ќе го подобри образованието (буџетот за наука се намалува од година во година) и здравството, како ќе го намалува загадувањето, како ќе ја подобрува инфраструктурата, како ќе го зголемува јавниот сектор (што не е исто со јавна администрација, туку е враќање или создавање нови претпријатија под државна сопственост)? Или овие пари ќе се трошат за да се помират трошоците кон НАТО, за да се помират патните трошоци и високите плати на пратениците, за да се градат споменици како Скопје 2014 и сл.?“, велат во соопштението од партијата.

За Тевдовски е неправедно некој да заработува (да, со тој збор!) над 1500 евра, но е праведно некој да профитира и…

Публикувахте от Левица – Сектор Економија в Събота, 3 ноември 2018 г.