Став

Референдумски игранки на Владата

Финта бр. 1: Референдум, Собранието може да распише само за работи кои се во негова надлежност. Промена на името на државата не е предвидена како надлежност на Собрание, но и покрај тоа распишаа референдум.

Финта бр. 2: Распишаа консултативен референдум иако Уставот не познава консултативен референдум. Таква опција постои во Законот за референдум, а законите мора да бидат во согласност со Уставот.

Финта бр. 3: Згора на тоа законот во кој е предвиден консултативен референдум, го утврдува консултативниот референдум како ПРЕТХОДЕН. Таков референдум се распишува за претходно консултирање на граѓаните пред да се направи нешто. Договорот со Грција, е веќе договорен, потпишан и изгласан во Собрание, само нема потпис од Иванов. Од кога завршија се тогаш распишаа консултативен референдум?

Финта бр. 4: Споре тој закон за референдум ако на референдумот се поставуваат повеќе прашања, мора да има за секое прашање посебно гласачко ливче. Они поставуваат три прашања (1.дали сте за Договорот со Грција, 2.дали сте за НАТО и 3. дали сте за ЕУ) а ни даваат само едно гласачко ливче.

Финта бр.5: Покрај тоа што од кога завршија се решија да распишат консултативен референдум, сега викаат дека без разлика на резултатот од референдумот, они ќе си го спровеле Преспанскиот договор.

Финта бр. 6: За таков референдум одделија милион и триста илјади евра државни пари за кампања државни, НАШИ, пари. Тоа е спротивно на Венецијанскиот кодекс за добри референдумски практики при Советот на Европа (2007) според кој употребата на државни пари во кампања мора да биде забранета.

Финта бр.7: Како последица на финта бр.6 и заспаноста на опозицијата, државните пари (милион и триста илјади евра) ќе ги користат само пратениците на владејачкото мнозинство (СДСМ и компанија). Последица на тоа ќе биде незибалансирана кампања во која пратениците од СДСМ и компанија со милион и триста илјади евра наши пари ќе ни перат мозок колку е добар Преспанскиот договор и како по негово ратификување ќе почне да тече мед и млеко, а од друга страна сите кои се против ќе имаат на располагање само сопствени средства кои нема да достигнат ни една десеттина од парите со кои располагаат СДСМ и компанија, а кои не се нивни.

Ова е ненардонда власт! Ова е режим! Народна и демократска власт не се токми својот народ да го фати на финта, туку го информира и има дозвола (која се добива на избори) од народот за тоа што го прави. Они не што не добија дозвола на избори за промена на името, ами и добија гласови ветувајќи дека нема тоа да го прават. Ако сакаме да оставиме ронка надеж за демократско владеење во иднина, сега е време за бојкот. Бојкотот е шамарот кој сега народот треба да и го врзе на власта, а тоа да и биде поука и на неа и на сите наредни кои ќе бидат на власт дека не се они главните. Дека народот е главен и дека владеење со интриги, измамаи и финти нема да дозволиме. Во ваква ситуација секој граѓанин кој има ронка желба за нормална и демкратска држава должен е да бојкотира.

#Бојкотирам!

 

коментар на членот на Централниот Комитет на Левица, Саше Јанчев