АктуелноИнтернационално

По четиринеделен штрајк во Чикаго чистачите на прозорци добија нов договор

По четиринеделен штрајк во Чикаго чистачите на прозорци добија нов договор кој ги покачува нивните плати за 27 проценти. Членовите на синдикатот го потпишаа договорот кој дупло го зголемува нивното животно осигурување од 50 000$ на 100 000$ и ги донесува чистачите на прозорци на основна плата од 26$ на пет годишен план.

,,Го ставивме нашиот живот на линија и го добивме најголемото покачување на плата во историјата на Чикаго за чистачите на прозорци’’ изјави еден од работниците.

Секако, важно е да се напомене дека ова е само привремено решение за работниците. Присутен останува главниот проблем на работниците: газдата кој ги експлоатира. Работниците, и во овој случај, остануваат потчинети под него. Додека го има него, тој ќе бара начини да прави профит. Додека компаниите не бидат преземени од самите работници, решенијата секогаш ќе се привремени, бидејќи таква е цикличната природа на капиталистичкиот систем во кој живееме.

Сепак, ова е огромна победа извојувана од страна на работниците и одличен пример е поставен за солидарност на другите работници. Потребно е сите да се организираме и да се бориме за поголеми работнички права, со единствена цел реализирање на крајното работничко право: самите, заеднички, да ги поседуваме средствата за призводство.