АктуелноИнтернационалноЛокално

Човекот што фрлаше чевли кон Џорџ Буш се кандидира во Ирак

Ирачкиот новинар Мунтазар ал-Заиди, човекот кој во 2008 за време на прес конференција ги фрли своите чевли кон американскиот претседател Џорџ Буш, се кандидира на парламентани избори во Ирак.

 

За време на посетата на американскиот претседател тој одржа заедничка прес конференција со тогашниот ирачки претседател Нури ал-Малики. За време на конференцијата ал-Заиди извика „Ова е за збогум од ирачаните, џукело. Ова е за сирачињата и вдовиците и сите убие во Ирак.“ по што ги фрли  своите чевли кон Буш. Во арапската култура чевлте, а посебно ѓонот од чевлите, се смета за нешто и морално најдолно и највалкано, па затоа новинарот вака постапил.

Ал-Заиди беше уапсен и осуден, но беше ослободен од затвор во 2009 по што го напушти Ирак. Се врати во 2011 година и до сега работеше со својата фондација за помош на деца кои останале сираци од војната.