Брутален напад извршен врз маоистички камп во Индија: Убиени над 30-тина бунтовници од страна на индиската власт!

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Уште еден крволочен напад на индиските власти врз маоистички камп каде делуваат бунтовници кои се селани без земја. Се претпоставува дека има околу 40 мртви од кои повеќето жени, кои биле убиени во судирот кој пред некој ден (24.04.2018) настанал на границата помеѓу екстремно сиромашните провинции на Maharashtra и Chattisgarh. Бунтовниците биле брутално убиени, а нивните тела пуштени низ водите длабоко во тропската шума на овие предели.

Оваа индиска група на бунтовници е создадена од илјадници сиромашни селани, кои инспирирани од Кинеската револуција на чело со Мао Ѕедунг, во 1960-тите се побуниле против земјопоседниците, истакнувајќи ги своите права за своина на обработливо земјиште и против сиромаштијата како и ослободување од јаремството на земјопоседиците. Тие денеска се присутни во повеќе индиски држави но најбројни и најактивни се токму во Maharashtra и Chattisgarh. Во овие предели се наоѓа уште и клучната транзит зона наречена  „црвен коридор“, која ја поврзува западна Индија со некои од нејзините централнии јужните држави.

Според некои внатрешни извештаи на индиската влада од 2006-та година, Наксалитите (како што се нарекува ова движење) ги има околу 20.000 вооружени и 50.000 спремни кадри.