АктуелноИнтернационално

Кубанските работници номинираат кандати за Националното Собрание

Милиони кубанци од општинските Собранија на Народна Моќ, на 21 јануари, го започнаа процесот на номинација на кандидати за републичкото Национално Собрание на Народна Моќ.

Претседателката на кубанската Комисија за Национални Кандидатури, Гизела Дуарте, го објаснува процесот: „Прво општинските Собранија мора да ја одобрат кандидатурата со мнозинство гласови ЗА од присутните. Потоа, претседателот на општинското Собрание ги става на гласање, индивидуално, секој од предложените кандидати. За да бидат вклучени на листите секој од нив треба да има повеќе од пола гласови ЗА од присутните делегати.

Ова е дел од изборниот процес во Куба, кој е организиран од Државниот Совет на Република Куба.

Од 22 јануари до 10 март, номинираните ќе ги започнат своите кампањи шетајќи низ општините со цел да ги запознае локаното население, пред изборите на 11 март.

Кулминација на изборната сезона е 19 април, кога новоизбраното Национално Собрание ќе гласа нов Претседател на Државниот Совет и Советот на Министри на Републиката. Сегашниот Претседател на Куба е Раул Кастро, брат на револуционерниот водач Фидел, кој планира да се повлече од политичкиот живот по 19 април.