Секое чудо за 3 дена, седум чуда за еден ден
Бурен ден во Македонија. На 11 јануари се случија повеќе работи и тешко е да се одлучи човек за кое попрво да размислува.
Прво, пред ВЕРО Центар се оддржа протест против нелегално отпуштена работничка за време на боледување. Овој протест беше организирн од Левица, а и покрај ветувањата за работнички права – СДСМ одби да го поддржи протестот. Праксата на празна реторика од претходната власт продолжува.
Второ, власта повторно се задолжи! Овој пат за „скромни“ 500 милиони евра. Праксата на прекумерно задолжување продолжува.
Трето, вицепремиерот, Кочо Анѓушев, решил да ја продава својата фирма „ЕДС“ на грчкото електростопанство. Оваа фирма беше користена од страна на граѓанинот Кочо Анѓушев за да добива тендери додека е самиот на власт. Сумата не е објавена и покрај заложбите за транспарентност, а изјавено е дека „се е според законите“ – реченица која стана клише во Македонија.
Четврто, со 69 гласа „ЗА“ изгласан е новот закон за јазици. Овој закон беше критикуван како неуставен од експертската јавност. Уште повеќе премиерот Зоран Заев јасно и гласно вети дека нема да има ваков закон. Законот ќе значи, меѓу другото, поголема и покомплицирана администрација, а со тоа и поскапа. Продолжува праксата на претходната власт за освојување политички поени преку национализам и вработувања во администрација.
Петто, во Солун се одржала тајна средба помеѓу македонскиот и грчкиот министер за надврешни работи. Средбата била под силни безбедносни мерки, а зад очите и ушите на јавноста се дискутирало решение за спорот со името. Продолжува праксата на претходната власт да се носат одлуки од национално значење зад затворени врати.
Шесто, доделени се субвенции за песни во износ од 9000 евра! Македонската јавност може мирно да спие – кредитите не биле за глупости земани. Продолжува праксата на претходната власт да се субвенционираат култрни содржини кои се создадени од луѓе со гледишта блиски до оние на власта.
Седмо и можеби клучно е што сите овие работи се случуваат БАШ кога премиерот Зоран Заев е на одмор. Која случајност! Ова ја задржува праксата на претходната власт да се носат и гласаат непопуларни работи или да се прват сомнителни (читај: криминални) дела додека Никола Гревски беше на одмор или службено патување.
Волку „работа“ за 24 часа не успеа ни Никола Груевски да заврши, а тој беше навикнат да „работи“ (фамозни) 24/7.