Настани

Поддршка за работничката отпуштена од Веро

Текстот е преземан од ФБ настанот. Протестот ќе се оддржи на 11 јануари (четврток) во 12 часот пред Веро 5 – Скопје (кај АМСМ и поликлиниката Идадија).


ВЕРО изврши бесрамно кршење на работничките права и покажа најелементарно отсуство на човечки сенс! Ја отпушти своја вработена Кети Лешко, мајка на малолетно дете кое чека операција, за време на нејзиното боледување!

За време на боледување е забрането да се дава отказ! Отказот не може да биде усно соопштен од типот „од утре не се појавувај на работа!“ До кога со кршење на законите!? Ако е ВЕРО, не значи дека е над законите во Македонија!

Да го кренеме гласот! Газдите прават вакви работи зашто молчиме! Да ѝ изразиме поддршка на жената што ја изгуби работата додека се грижеше за своето дете и да побараме од ВЕРО да ја вратат на работа. Да покажеме дека работничката солидарност не е мртва, дека го немаме изгубено човечкиот сенс!

Ова е предупредувачки протест! Ако раководството на ВЕРО не се вразуми, ќе следат и следни чекори!