Капарисана фотеља

Објавен е конкурс за работно место во Министерството за здравство во кој се бара историчар како советник за здравствена политика.

Огласот, освен тоа што е бизарен, е крајно специфичен. Од сегашната владеачка партија се слушаа многу обвинувања кон претходната владеачка партија за ваквите огласи кои очигледно се направени така да само еден кандидат би ги исполнувал условите.

Платата за оваа позиција изнесува 36 855 денари.