“Партизански Марш”
Што е човекот сам?
Само една капка,
капка која е распрсната на безкрајното небо.
Што може да направи човекот сам,
под диви бури?
Што може да направи човекот сам,
кога на неговиот врат се закачи крвавите раце на светот?
Што може, освен да се крие.
Највеличенствената сила,
најотпорната барикада,
е народната организација.
Исто како океан, кој не пресушува
како чекан, кој му дава облик на железото.
Организацијата на народот,
која се судира со големите бранови и силните ветрови,
чија сила, се создава од силата на народот.
Се воздигнува, се задлабочува и се прочистува.
Кога човекот ќе стане капка во морето,
Земи ја и мојата душа, вклопија во хоризонтот, направија огнена.
Обликувај ги моите погледи, опкружи ме со убавини,
опколи ме со непотресни херојства.
Мојата љубов направија непобедлива,
мојата среќа, недостижна за непријателот – направија.
Разбистри го мојот гнев.
Моето знаење, просветли го, со твојот ветар.
Организацијо моја, земи ме – создади ме повторно со мојот народ.
https://www.youtube.com/watch?v=A8Gg4-OTPaQ
Превод: Џејлан Велиу