Последен поздрав до Кастро

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Во чест на денот на раѓањето на големиот револуционер и државник Фидел Кастро ви го пренесуваме прошталното писмо напишано до него од неговиот другар Ернесто Че Гевара.

Фидел,

Во овој момент се присетувам на многу работи: кога те запознав во куќата на Марија Антонија, кога ми предложи да ти се придружам, целата тензија околу припремите. Ме прашаа кој треба да биде известен во случај на смрт, можноста за тоа на сите ни падна на ум. Подоцна свативме дека тоа е вистина, во револуција победуваш или умираш (ако е права). Многу другари паднаа на патот кон победата.

Денес сето тоа има помалку драматичен тон, затоа што сме позрели, но настаните се повторуваат. Чуствувам како да имам исполнето дел од обврските кои ме врзуваат за кубанската револуција на кубанска територија, и морам да ви кажам збогум- на другарите, на вашиот народ кој е сега веќе мој.

Формално давам оставка на својата позиција во раководството на пратијата, позицијата во министерството, чинот на командант и го враќам кубанското државјанство. Правно повеќе ништо не ме врзува со Куба. Единствено преостануваат врските кои се од друга природа- врски кои не можат да бидат раскинати,  како што може  политичката функција.

Преиспитувајќи го својот досегашен живот, верувам дека работев со доволно интегритет и посветеност, да се зацврсти револуционерниот трумф. Мој единствен посериозен пропуст е тоа што немав доволно доверба во тебе, во првите моменти во Сиера Маестре, и што не ги разбрав доволно брзо твоите квалитети како водач и револуционер.

Живеев величествени денови, покрај тебе почуствував гордост што припаѓам на нашиот народ, за време на убави, но и тажни денови, за време на ракетната криза. Ретко кога некој државник бил сјаен како што беше ти во текот на тие денови. Горд сум исто така што те следев непоколебливо, што се идентификував се твојот начин на размислување и гледишта, со твојата процена на опасности, со твоите принципи.

Други нации сега го бараат мојот скромен придонес. Имам можност да го направам тоа што тебе ти е ускратено, заради твојата должност како лидер на Куба, дојде време да се разделиме.

Знај дека ова го правам со измешани чувства на радост и тага. Овде јас ги напуштам своите најчисти надежи како градител, ги напуштам своите најблиски. Напуштам народ кој ме прими како свој син. Тоа се рани на мојата душа. Но ја носам вербата на која ме научи на ново бојно поле, го носам револуционерниот дух на мојот народ и чувството на исполнување на најсветата должност: борба против империјализмот каде и да се наоѓа. Овој извор на сила ги лечи и најдлабоките рани.

Овде уште еднаш морам да кажам, ја ослободувам Куба од секаква одговорност, освен одговорноста да служи како пример. Ако последниот час ме сретне под различно небо, мојата последна мисла ќе биде упатена кон овој народ, а особено кон тебе. Благодарен сум на твоето подучување, на твојот пример на кој ќе се потрудам да бидам верен до конечниот резултат од мојата работа.

Секогаш сум бил идентификуван со надворешната политика на нашата револуција, тоа ќе продолжи да биде така. Каде и да сум, ќе чувствувам одговорност што сум кубански револуционер и така и ќе се однесувам. Не жалам што не оставам ништо материјално на својата жена и деца, среќен сум што е така. Не барам за нив ништо, затоа што државата ќе им обезбеди образование и доволно за живот.

Имам уште многу да ти кажам на тебе и на нашиот народ но чувствувам дека е непотребно. Зборовите не можат да го изразат тоа што би сакал  и затоа нема смисла да шкртам по хартијава.

Ернесто “Че” Гевара

Април 1, 1965