Пикник против концесионерот кој забрани храна

По неодамнешниот инцидент со обезбедувањето на јавната плажа Бање, каде граѓаните биле прегледувани и претресувани, а од торбите им биле одземени храната и пијалакот, дубровчани, во знак на протест, организираа пикник на 22 јули.

Организаторите, преку социјалните мрежи, ги повикаа дубровчани на пикник и да ја понесат најомилената храна, пешкири, пијалак и чадори за сонце.

На повикот се одзваа поголем број граѓани кои ги тргна лежалките за своите крпи и простирки. Концесионерот тврди дека воведуваат контрола за превенција затоа што странците внесуваат стаклени шишиња со алкохол, па сакаат да избегнат пијанчење и кршење на стакло.

Подолу следат слики од настанот.