Песна за тие што сонцето го пијат
Песна една е ова
песна, за тие што
сонцето од земјени садови го пијат!
Ова е една ткаенина
в’пламен коси плетенка!
Се превитуква;
Крваво, како алов факел гори
на челата им бринести
на среброногите боси херои!
И јас ги видов тие херои;
и јас такви сплетив коси;
И јас со нив
до сонцето што води
преку мостот
поминав!
И јас пиев во земјен сад од сонцето
Таа песна и јас ја запеав!
Срцата ни снага од земјата впија;
на лавови злато грибести
муцките расцветувајќи им ги
се вивнавме!
Скокнавме,
На молскавични ветрови зајававме
Од карпите,
како од карпи што се делат орловите
на кои им блескаат крилјата судрувајки ги со звездите.
Коњаници со огнени зглобови
камшикуваат
на коњи што р`жат и се издигнуваат!
Јуриш има,
Кон сонцето јуриш!
Сонцето ќе го освоиме
Опсадата негова блиска е!
На пат со нас нека не тргнуваат
Тие,
на кои,
како синџир на врат им тежат
солзите,
што нивните куќни дома ги леат
Нека не напуштат
Оние кои во оклопот на срцето свое живеат
Ете:
од ова сонце
паднати
во пламен
милјони црвени срца горат!
И ти, ајде извади го
од кафезот во градите
срцето твое;
од ова сонце
што паѓа
во пламенот фрли го;
Него ти покрај нашите срца стави го!
Јуриш има,
Кон сонцето јуриш!
Сонцето ќе го освоиме
Опсадата негова блиска е!
Ние, од земја, оган, вода и од железо се родивме!
Сонце ги дојат децата жените наши,
земја мирисаат брадите ни’ бакарни
Нашата радост врела е
како и крвта врела;
во оној миг што врие
како во на младичот сонот!
Прикачувајќи ги по ѕвездите ченгелите наши,
како по скали,
газејки по од на другарите ни мртвите глави
се издигнуваме
кон соцнето!
Мртвите,
во борба умреа;
нив во сонцето ги погребаа.
Време немаме да црно за нив држиме!
Јуриш има,
Кон сонцето јуриш!
Сонцето ке го освоиме;
Опсадата негова е блиска!
Чадат лозјата со алово црвени дамки гроздови
Дебели тулести оџаци
Превиткувајќи се
пеат!
Крикна тој што најнапред оди
тој што не’ води!
Овој глас!
силата на овој глас,
оваа сила
што и во очите на гладни волци
перде им свила
што ѕверови диви сместа ги стопрела
ваквата сила!
Заповедај да умреме!
нареди!
Сонцето го пиеме во тонот твој
Се разжаруваме од страст,
како в’млаз
Низ на загорните хоризонти димни завеси
распнувајќи го небо со копјата
коњаници молњат!
Јуриш има,
Кон сонцето јуриш!
Сонцето ке го освоиме;
Опсадата неговата е блиска!
Земјата е бакарна
небото алово
Викни ја силно песната за тие што сонцето го пијат
Извикај!
Да крикнеме заедно на цел глас!
-Назим Хикмет