Настани

Проекција на филм за Палестина

Текстот е превземен од FB настанот.


На 5 јуни се навршуваат 50 години од Шестдневната војна од 1967 година, во која Израел ги нападна своите арапски соседи Египет, Јордан и Сирија и ги зазеде Синајскиот Полуостров, Голанската висорамнина, Појасот Газа и Западниот Брег со источниот дел од Ерусалим. Последиците од оваа војна се чувствуваат и денес, при што, меѓу другото, и ден денес Палестинците се оневозможени да формираат своја држава на Западниот Брег и Газа.

По повод 50-годишнината од израелската окупација на Западниот Брег и Газа, а со цел подобро информирање за израелско-палестинскиот конфликт, Левица ќе одржи проекција на филмот „Вовед во окупација“ (Occupation 101).

Станува збор за моќен документарец кој поттикнува на размислување за моменталните и историски основни причини за израелско-палестинскиот конфликт. За разлика од било кој друг филм било кога направен за истиот конфликт, „Вовед во окупација“ дава сеопфатна анализа на фактите и скриените вистини за бескрајната контроверзност и побива многу од одамна врежани митови и заблуди за истиот.

Филмот исто така детално го опишува животот под израелската воена власт, улогата на САД во конфликтот и главните пречки што му стојат на патот на долготраен и одржлив мир. Корените на конфликтот се објаснети преку искуства на терен и од прва рака од страна на водечки научници за Блискиот Исток, мировни активисти, новинари, религиозни водачи и хуманитарни работници чиишто гласови премногу често се потиснати од страна на американските мејнстрим медиуми.

Филмот опфаќа широка лепеза на теми кои вклучуваат: првиот бран на еврејската имиграција од Европа во 1880-те, тензиите во 1920, војната во 1948, војната во 1967, првата Интифада (востание) во 1987, мировниот процес во Осло, проширување на населбите, улогата на владата на САД, втората Интифада во 2000, изградбата на Ѕидот на поделба на Западниот брег и повлекувањето на Израел од Газа, како и многу болни сведоштва од жртви на оваа трагедија.