АктуелноЛокално

Левица поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд

Денес Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ – г. Никола Ивановски, за сторено кривично дело САБОТАЖА, поради тоа што две години неосновано го чува во фиока предметот за т.н. Закон за двојазичност, кој е илегално објавен без потребниот потпис на Претседателот на Републиката – и со тоа, на подмолен начин, предизвикал тешко отстранливи и штетни последици по уставниот поредок на Република Македонија!

„По падот на оваа квислиншка власт, која тајно припрема терен за федерализација на државата, вакви пријави ќе бидат поднесени и против сегашниот претседател на Уставниот суд, како и против директорот на ЈП „Службен весник на РМ“! ” – изјави проф. д-р Димитар Апасиев, на прес конференцијата која денес од 11 часот беше одржана пред зградата на Основното јавно обвинителство Скопје. Воедно, претседателот на Левица образложи и дел од мерките кои партијата ги предлага во сферата на правосудството како укинувањето на трајниот мандат на судиите и воведување низа на антинепотистички мерки.