АктуелноЛокално

Левица: Им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ! (ВИДЕО)

За време на вчерашниот марш за правда, кој беше во организација на СДСМ, активисти на Левица упаднаа со герила-акција и со неколку транспарентни – „Правдата ја нема, бројчаникот стоо…“., „Марш за амнестија за криминалот“, „Зошто Мијалков е на слобода“…

Активистите пред судот каде беше поставена бината беа нападнати од обезбедувањето на маршот, при што еден од транспарентите беше искинат.


„На вчерашниот владин марш за “правда” се напаѓаа мирни активисти на Левица, беа одземени насилно транспаренти од владиното обезбедување и коридор полицајци ги обиколуваа нашите членови кои прашаа “ЗОШТО МИЈАЛКОВ Е НА СЛОБОДА?”

Вистинското насилничко однесување карактеристично за СДС кон обичните граѓани дури и на нивниот скап циркус беше демонстрирано.

Правдата ја претворија во тезга за подмирување на нивните алчни интереси, националното достоинство градено со децении го уништија за нецела година, додека народот го доосиромашија во нивните приватизациски криминали.

Тие чекореа уценети и поткупени за свои лични бенефиции и привилегии – додека ние искрено и без страв им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ!

Затоа ние не прифаќаме ниту МИР, ниту КОМПРОМИС со нивната црвена буржоазија! Искрата за слобода кај македонскиот народ секогаш тлеела – и истата допрва ќе се разгори!“, стои на фејсбук страницата на Левица.

Левица чекори за правда

На вчерашниот владин марш за "правда" се напаѓаа мирни активисти на Левица, беа одземени насилно транспаренти од владиното обезбедување и коридор полицајци ги обиколуваа нашите членови кои прашаа "ЗОШТО МИЈАЛКОВ Е НА СЛОБОДА?"Вистинското насилничко однесување карактеристично за СДС кон обичните граѓани дури и на нивниот скап циркус беше демонстрирано.Правдата ја претворија во тезга за подмирување на нивните алчни интереси, националното достоинство градено со децении го уништија за нецела година, додека народот го доосиромашија во нивните приватизациски криминали.Тие чекореа уценети и поткупени за свои лични бенефиции и привилегии – додека ние искрено и без страв им ја разобличивме нивната лажна парада со уценет народ!Затоа ние не прифаќаме ниту МИР, ниту КОМПРОМИС со нивната црвена буржоазија! Искрата за слобода кај македонскиот народ секогаш тлеела – и истата допрва ќе се разгори!#Левица2020#ЛевицаВоПарламент

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Вторник, 18 февруари 2020 г.