Искршени фотографиите на петмината починати штипјани во трагедијата во Кочани
Граѓаните на Штип утрово беа потресени од вандалски чин на плоштадот „Слобода“, каде беа искршени фотографиите на петмината млади штипјани кои трагично го загубија животот во трагедијата во Кочани.
Фотографиите, поставени како знак на сеќавање и солидарност со семејствата, беа пронајдени оштетени и фрлени, предизвикувајќи гнев и разочарување кај жителите на градот. Настанот веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните повикуваат на итна истрага и санкции за сторителите.
„Ова не е само вандализам – ова е навреда за сите нас. Ова е место на тишина и болка, а не простор за нечовечност,“ велат очевидци кои утринава го затекнале инцидентот.