АктуелноЛокално

Средношколци од Кочани со втора награда за изум на „Попри Интернешнал“ за еко средство од оризови лушпи

Четворица средношколци од кочанското средно стручно училиште „Гошо Викентиев” се добитници на втората награда за иновативност, во категорија на средношколци, на натпреварот за млади претприемачи “Попри Интернешнал” поддржан од Европската стратегија за Јадранско-Јонската иницијатива – ЕУСАИР.

Изумот е еколошко средство за чистење од лушта од ориз.

Следниот чекор за Миа Андрева, Велинчо Китанов, Сара Николова и Матеа Саздова е студиски престој во Словенија за комерцијализација на производот.