АктуелноЛокално

Владата глуми ред – дилерите глумат инфлуенсери

Пред неколку дена со фанфари беше уапсен дилер во Битола – „голема акција“, „успешна интервенција“, „борба против криминалот“ – зборови што ги слушаме од секоја влада кога сака да глуми ред и правда. Но денес, истиот тој дилер, кој беше прикажан како опасен криминалец, лабаво си шета по Широк Сокак и става сториња на Instagram, како ништо да не се случило.

Нормално, кога си сликан со пола раководство на ВМРО-ДПМНЕ, правдата те заобиколува. Законите важат само за сиромашните и неповрзаните. За останатите – сè е шоу за на телевизија.

Министерот за внатрешни, кој не се симнува од медиумите, нека објасни како осомничен дилер се шета слободно. Или можеби доволна му беше една слика со партиски функционер за да стане недопирлив? И уште нешто: ова не е борба против криминал, ова е соработка со него.

Z P

Zvezdanka Pesikj