Затворен бар – отворени сомнежи: Дали реновирањето на „Lounge Bar Cool“ крие политичко-бизнис интереси?
Локалниот огранок на Левица од Пробиштип алармира за сомнителни околности поврзани со затворањето и реновирањето на Lounge Bar Cool – угостителски објект во сопственост на поранешниот градоначалник Тони Тоневски, познат како Тозо.
Според соопштението на Левица, барот, иако вработува само тројца лица, со години функционирал до доцна во ноќта, понекогаш и по 01:00 или 02:00 часот – без соодветна дозвола за такво работно време. Дополнителна сенка фрла и локацијата на барот, кој се наоѓа во дворот на полициската станица во Пробиштип, а според партијата, таа блискост овозможувала „неформална заштита“ од надлежните институции.
Левица прашува дали причината за моменталното „реновирање“ се должи на тоа што кујната на објектот го блокирала еден од безбедносните излези во рамки на објектот на поранешната кино сала – простор што сега е поделен на бар, казино и дискотека, при што дискотеката моментално се преуредува во ново казино.
Во истото соопштение се посочува дека просториите се во сопственост на Тоневски и неговиот бизнис партнер Сашо Нанев – поранешен советник. И двајцата, наведува Левица, ги купиле просториите во време кога биле на јавни функции, по цена од околу 40.000 евра, а потоа ги надградиле на државно земјиште. Интересен е и фактот што една од тие простории подоцна завршила како партиски штаб на ДПМНЕ – „влажен подрум во кој едвај се дише“.
Левица бара од институциите и инспекциските служби да ги испитаат наводите, потенцирајќи дека јавноста има право да знае како биле спроведени овие трансакции и дали има злоупотреба на функциите за личен бенефит. „Во спротивно,“ се наведува во соопштението, „повторно ќе бидеме сведоци како власта на ДПМНЕ ги штити своите партиски послушници, а не го гради функционалниот систем.“
Соочени со сериозни обвинувања, останува да се види дали надлежните институции ќе преземат конкретни чекори – или „Lounge Bar Cool“ ќе остане само уште една топла тема што ќе избледи без одговори.
Целото соопштение на локалниот огранок на Левица од Пробиштип во продолжение: