АктуелноЛокално

(Видео) Левица – Ѓорче Петров: Населбата Хром претворена во симбол на градежниот хаос

Локалниот огранок на Левица од Ѓорче Петров излезе со остра реакција на сметка на општинската власт, обвинувајќи ја за продолжување на, како што велат, урбанистичкото уништување на населбата Хром. Според нив, ветувањата за справување со градежната мафија останале само на хартија, додека на терен се гради без план и визија за хумано живеење.

„Населбата Хром стана синоним за градежниот хаос во Ѓорче Петров. Она што го започна Наумовски и СДС со урбанистичкото пустошење, Стојкоски и ДПМНЕ го продолжија со полна пареа,“ се наведува во соопштението.

Од Левица обвинуваат дека наместо да се пресмета со интересите на градежната олигархија, актуелниот градоначалник Александар Стојкоски склучил договори зад затворени врати, кои ја продлабочуваат урбанистичката криза во општината.

„Наместо хумано живеење добивме бетонски џунгли. Наместо пресметка со мафијата – соработка. Хипокризијата стана политичка програма,“ порачаа од партијата.

Тие додаваат дека граѓаните се соочуваат со зголемена загаденост, недостиг на паркови и јавни простори, како и со сообраќаен хаос – последици од несоодветно планирање и неконтролирано градење.

Левица бара итна ревизија на урбанистичките планови во Хром и транспарентност во донесувањето на одлуките кои директно го засегаат квалитетот на живот на жителите.

Целосното видео од соопштението на Локалниот огранок на Левица од Ѓорче Петров во продолжение: