АктуелноЛокално

(Видео)Срам пред училиштето „Панајот Гиновски“ во Бутел – Ученици тепани наместо сослушани

Срамна слика пред основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел – наместо поддршка за својата грижа, учениците беа дочекани со насилство. Децата излегоа на мирен протест, барајки: нивното училиште да се исчисти од глувци. Реакцијата? Вработена во училиштето ги удри со нога додека ја држеа вратата.

Ова не е само здравствен проблем, туку и прашање на достоинство и безбедност. Наместо институциите да ги сослушаат младите и да реагираат, сведочиме на понижување и насилство врз ученици. Децата не бараат луксуз, бараат нормални услови за учење. До кога училиштата ќе бидат места каде што молкот и стравот имаат приоритет над гласот на учениците?

Видео ТВ21.

Z P

Zvezdanka Pesikj