Tруење под радар – Олово и црнила течат низ Тораничка Река
Иако од Државниот инспекторат за животна средина и раководството на рудникот „Тораница“ уверуваа дека водата во Тораничка Река е „само заматена“ и безбедна, снимките од загрижени граѓани ја покажуваат суровата реалност – реката е потполно матна, а загадувањето е очигледно.
Хаваријата во рудникот остави траги и низводно, каде риболовното друштво „Мрена“ и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, алармираат за значително зголемено присуство на олово и други опасни материи во Крива Река – и тоа неколку пати над дозволеното. Состојбата е алармантна, а реакциите на институциите, повторно, доаѓаат со задоцнување и минимално чувство за одговорност.