Апасиев: Владата се тресе од подрумот на Левица – но вистинскиот страв се вика кауза и рејтинг
Додека јавноста е сè уште потресена од скандалот во Кочани и обидите на власта да го прикрие случајот, владејачката структура одлучи да го пренасочи фокусот кон – подрумот на Левица. Иако звучи апсурдно, ова е реалноста во која владее политичка хипокризија, селективна правда и медиумска манипулација.
Во објава на својот Фејсбук профил, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, директно ја прозва владата и партијата ДПМНЕ, нарекувајќи ги „мачиња со имот од 60 милиони евра“, кои, наместо да одговорат на сериозните прашања за Кочани, се потресени од подрумот на Левица. „Епа, не ќе да е за подрумот другари, за КАУЗАТА ќе да е и за рејтингот на Мицика кој оди низ брдо после владиното прикривање и попречувањето на правдата за Кочани“, пишува Апасиев.
Наместо транспарентност и одговорност, властите избираат напад врз опозицијата. Наместо истрага за насилството во Кочани и одговорност за институционалната немоќ – добиваме политички спинови и одвлекување на вниманието од суштинските прашања.
Фактот што Левица, како единствена партија со отворен антисистемски став, добива сè повеќе поддршка кај народот, очигледно ги вознемирува тие што со децении ја злоупотребуваат власта. Апасиев не случајно зборува за „кауза“ – таа кауза е гласот против естаблишментот, против политичката корупција, и за правда која не се мери со партиска книшка.
Потезите на актуелната власт не само што ја нарушуваат демократијата, туку и ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните. Подрумот на Левица нема ни симболична моќ пред милионските имоти на политичките елити кои молчат за вистинските скандали. А молкот за Кочани ќе остане дамка што ничив подрум нема да ја избрише.
Во меѓувреме, народот гледа. И сè повеќе го разбира она што Апасиев јасно го кажа – не се плашат од ѕидовите, туку од идеите кои ги уриваат.
Неговиот статус ви по претставуваме во целост: