Мојсоска: Политички тензии во Собранието – Опозицијата под закани и напади на власта
Во денешната собраниска седница, наместо конструктивна дебата и одговори на важни прашања, сведоци бевме на политички напади и закани од владејачките структури кон опозицијата. Пратеничките прашања, како клучен контролен механизам, беа искористени за политичка пресметка, наместо за отчетност пред јавноста.
Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, реагираше на „одговорот“ на премиерот Христијан Мицкоски, кој, наместо да даде јасни одговори за трагедијата во Кочани, се фокусираше на обвинувања и закани кон опозицијата.
„По којзнае кој пат, премиерот наместо да одговара пред пратениците за трагедијата во Кочани, од собраниската говорница се стави во улога на обвинител, упатувајќи празни закани кон опозицијата – само за да избегне одговори пред јавноста“, изјави Мојсоска.
Според неа, Мицкоски повикал на кривично гонење на Левица поради купување на објект со кредит, лажно обвинувајќи ја единствената легитимна опозициска партија за финансиски малверзации. Во исто време, таа потсети дека партијата ВМРО-ДПМНЕ поседува луксузна палата-дивоградба, додека Левица транспарентно стекнала сопствен простор преку заем од банка.
Дополнително, Мојсоска го повика премиерот да истражи како неговиот коалициски партнер, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој продава земјиште во центарот на градот за само 79 денари по квадратен метар.
„Ниту на Груевски, ниту на Заев, ниту на вас ви се плашиме“, заклучи таа, испраќајќи јасна порака дека опозицијата нема да потклекне под политички притисоци на власта.
Овој настан уште еднаш ја потенцира нестабилноста во политичкиот дискурс и потребата од вистинска одговорност и отчетност во институциите, наместо политички пресметки и театар.
Нејзиниот статус на Фејсбук ви го пренесуваме во целост: