АктуелноЛокално

Национална безбедност без безбедност: Сајтот на АНБ без SSL сертификат

Иронична, но вистинита ситуација – официјалната веб-страница на Агенцијата за Национална Безбедност (АНБ) е небезбедна. Иако безбедноста е нејзина основна мисија, сајтот на оваа институција нема SSL сертификат, што значи дека податоците што се разменуваат преку сајтот не се заштитени.

Оваа техничка негрижа доаѓа во време кога актуелниот директор на АНБ е под истрага за наводно фалсификуван ТОЕФЛ сертификат. Недостатокот на основни безбедносни мерки на официјалната страница дополнително го доведува во прашање кредибилитетот на институцијата која е задолжена за заштита на националните интереси.

Во време кога сајбер-безбедноста е критична за заштита на информациите, овој пропуст отвора сериозни дилеми за стандардите што ги применува АНБ. Јавноста очекува одговори – и за сертификатите, и за безбедноста.