АктуелноЛокално

Левица со хуман гест за Кочани, додека Владата останува инертна и без мерки

Пратениците на Левица, со исклучителен хуманизам и одговорност, донесоа одлука да донираат повеќе од половина од својата мартовска плата во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани.

Во нивната изјава, тие истакнаа дека оваа донација е симбол на поддршка и сочувство, но и на нивната посветеност за трајни решенија кои ќе го подобрат животот на сите граѓани. Како што нагласуваат, вистинската поддршка не треба да се темели само на поединечни гестови, туку на системски промени кои ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите.

„Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност и социјална правда за сите граѓани и ќе излезат во пресрет за погодените.” Во продолжение, додаваат дека „поради двонеделната неактивност на Собранието, која е резултат на политичка оттуѓеност, пратениците немаат морално право да ја примат целата плата во месецот во кој не ја извршуваа својата должност во полн капацитет.“

Оваа одлука и гест од пратениците на Левица се вредни за пофалба и заслужуваат високо признание. Нивната свесност за состојбата и нивната посветеност на правдата и социјалната сигурност, ја нагласува важноста на солидарноста во овие тешки времиња. Благодарност за овој хуман и исправен потег!

Ова е пример на одговорност и хуманост, кој покажува дека солидарноста и поддршката за најпогодените не треба да бидат само зборови, туку и дела. Со ова, тие демонстрираат вистинска посветеност на општествените вредности и потребата за правична и хумана влада.

Z P

Zvezdanka Pesikj