Овој пат нема да наведнеме глава пред системот и режимот што се обидува да нè замолчи
- Пишува Горан Велевски – Советник од Левица во Општина Битола:
Кога ја анализирам целокупната ситуација за животот кој го живееме во Македонија, се вртиме во круг како компас кој режимот и системот долги години ни го трасираат како пат до целта на тотално уништување каде што полека, но сигурно тонеме во жива кал.
Владите се менуваа како рулет, црно-црвено, си организираат луксузни одмори, возила, луксузни патувања, храна, облека, хаџиенди, тендери, станови, а за народот нема ниту обични папучи во болниците, замислете, во Кочани немаа кислород за оние што се бореа до последен момент без да испуштат душа, немаат пижами во болниците, нема центар за рехабилитација на изгореници, а веќе украдени се и хидрантите од сите јавни установи во Македонија!
Ни го земаат и чистиот воздух што ни го дала природата, секој благодет од бога ни го крадат и го претворуваат во профит за лични и партиски интереси. Глумиме држава, додека планините од пожари ни ги гасат соседите, пациентите ни се лекуваат во странство, корупцијата цвета, а мафијата функционира на највисоко ниво.
Колку луѓе се лечат во странство, колку млади се иселуваат поради негрижата од државата кон нив. Здравство без опрема, образование без учебници. Со секое доаѓање на власт помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се зголемува бројот на олигарси, паралелно и на сиромашни. Први во регионот по најголеми богаташи по глава на жител, а најсиромашни во Европа.
Неколку пати му плаќаме на системот и режимот, легитимно на избори. Се’ уште го плаќаме корумпираниот проект “Скопје 2014” за милијарди во Будимпешта, втор пат му плативме на системот во време на Корона вирусот за да купуваат станови во Дубаи, трет пат плаќаме повисока струја и импровизирани цени на производите за хидро централи на поединци, а последно, го плативме цехот со живот и душа во Кочани, единствено не соблекоја до гола кожа, за и таа да ни ја изгорат.
Колку системи и режими сме пропуштиле, и колку ни доаѓаат, од нас зависи, и она што го трпевме, веќе го отрпна, нема што да изгубиме.
Единствено ни останува да си подадеме рака и да се исправиме пред овој корумпиран систем и режим. Да им докажеме дека времето дојде, народот е спремен да се исправи пред корумпираните политички елити и без разлика на притисокот, конечно да победи во битката за правда.