Јанчев: Олабавете со паранојата од српско сценарио
Цел живот сум гласен за се. Од неделата навака ми се молчи. И молчам. Од бес, од тага, од немоќ, пред се од почит кон настраданите и нивните фамилии.
И така сакав да биде до недела. Но ме преплавуваат пораки од ученици кои тврдат дека директорите на основните и средните училишта им прават притисок на учениците да не излегуваат на собири на кои палат свеќи за починатите во Кочани.
Директорите клучеле врати на училишта, ги собрале претседателите на класови и им се заканувале со намалено поведение, неоправдани, ги прашувале зошто биле облечени во црно…
Конкретно сега ми пишуваат поплаки за директорката на СОУ “Ѓорче Петров” од Прилеп, Жанета Видевска, која 2021 била и кандидат од ДПМНЕ на избори.
Колеги од ДПМНЕ, олабавете со паранојата. Нема баш овие седум дена на жалост средношколците да ви ја земат власта.
Утре има погреби. Најмалку што им треба на тие деца е сеа да се третираат како ваши политички непријатели или како партиски ботови под команда.
Им требаат психијатри, психолози и педагози! Им треба да ја изразат емоцијата.
Престанете со паранојата од српско сценарио и со партиското лудило. Оставете ги децата на раат барем до недела!
Напиша на својот фб профил пратеникот Саше Јанчев, неговата објава ја пренесуваме во целост: