АктуелноЛокално

Починал откако примил терапија – Семејството вели му дале лек на кој е алергичен

Нов трагична вест ја тресе Македонија. Во дневната болница на Хируршкото одделение во Општата болница во Куманово завчера ненадејно починал В. А. (32) од Куманово откако примил терапија поради болки во стомакот. Случајот е потврдија од кумановската полиција. Во нивното соопштени стои:

„Во 11:35 часот, во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека во болницата со влошена здравствена состојба бил донесен В. А. (32) од Куманово, по што му била дадена терапија и по кратко време починал. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и разговор со сите присутни медицински лица. Се работи на расчистување на случајот“.

Семејството на момчето обвинува дека нивниот син починал поради лекарска грешка, бидејќи му била дадена инфузија со лек на кој е алергичен. Директорот на Кумановската болница д-р Стефан Трајановски вели дека тоа ќе го утврди комисија, која е формирана за да испита дали се испочитувани протоколите при третманот на пациентот.

„Претходниот ден пациентот побарал лекарска помош, при што му била одредена соодветна терапија. Си заминал дома и дошол во утринските часови со истите тегоби. По повторениот преглед дадена му е соодветна терапија. Неколку секунди по аплицираната терапија тој добил градна болка, веднаш е прекината терапијата, исклучена е инфузијата, повикана е цела екипа на анестезиолошка служба и пристапено е кон реанимација, но без успех“, вели д-р Трајановски. Телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Смртноста во државните болници се зголемува. Скандали на разни оделенија и во разни болници секој ден ја тресат Македонија. Министерот за здравство и коалициски партнер на Христијан Мицкоски, Арбен Таравари напиша дека починал 32-годишниот Ведат Адеми и дека експертски тим од Министерството за здравство ќе ги разгледа сите факти и доколку се докаже дека има вина.