АктуелноЛокално

Организаторот на забавата првоосомничен за трагедијата во „дискотеката“

Првичните резултати од истрагата по пожарот во Кочани покажуваат сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“ , велат од обвинителството.

Првоосомничен е организаторот на забавата во дискотеката.

Одговорност за пожарот се бара кај 15 луѓе кои се под истрага.

За 10 од нив обвинителот побара притвор.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и останатите приведени за кои се бара краткотраен притвор, ноќта ја поминале во повеќе полициски станици во Скопје и во Кочани.

Бектеши бил повикан на информативен разговор и досега немало никаква друга правна квалификација, изјави неговиот адвокат за Телма.