Сквернавање на споменикот на Јане Сандански во Мелник, каде што македонците положија цвеќе

Откако по повод 107-годишнината од смрта на македонскиот револуционер Јане Сандански од партијата ОМО Илинден Пирин организираа чествување и положување на цвеќе, на кое од политичлите партии од Македонија единствено присуствуваше делегацијата на Левица, денес, на само два дена пред одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на „пиринскиот цар“, на социјалните мрежи се појавија фотографии со кои Бугарите „се фалат“ со сквернавање на овој споменик.

Откако, оваа фотографија се рашири на социјалните мрежи од ДСП Ленка истото го осудија, а нивниот став беше споделен и од ОМО Илинден Пирин.

Ни помалку ни повеќе од Виктор Канзуров, конвертиран бугар од Македонија. Да, тој што го викаат по емисии да гостува овдека! Медиуми, глејте на какво КОПИТО му давате медиумски простор!

Сквернавањата на спомениците на македонските револуционери и партизани во последно време станува се почеста пракса, заради ова во Предлог-резолуцијата која Левица ја поднесе до Собранието на Република Македонија се предвидува осуда на ваквите вандализми.

Собранието на Република Македонија, со индигнација и во целост ги осудува вандализмот и сквернавањето на спомениците подигнати воспомен на оние кои се бореле против фашизмот и нацизмот за време на Втората светска војна, потценувањето и омаловажувањето на народните херои и борци и на жртвите од истата. Нивното намерно и осмислено неодржување и запоставување го оценува за навреда, подбивање, исмевање и омаловажување на македонскиот народ и на жртвите дадени во НОБ, и истото го квалификува како обид за рехабилитирање и оправдување на фашистичките идеи и идеологии од пред Втората светска војна. – Стои во резолуцијата предложена од Левица.