АктуелноЛокалноСтав

Митко Василевски: Најголемите антирежимски критики беа во југословенскиот социјализам

Гледајте од денешен аспект колку смешно изгледаат сите тие културни повици од втората половина на осумдесетите години, да се сруши тогашниот постоечки политички поредок, воедно да се елиминира и државата.

Да речеме целиот ретро музички, фантастичен опус на ВИС Идоли, Азра, Рибља Чорба, new val, new primitivus..

Па целата таа филмска критика на државното уредување преку најдобриот македонски филм на сите времиња Тетовирање, па , Балкански шпијун, ,Среќна нова 49, Време чуда или Млад и здрав као ружа, Официр с Ружом, У име народа, Бољи Живот, Тесна Кожа…

Па целиот литературен естаблишмент претставени преку Милош Црњански, Капор, Киш, режисери Макавејев, Марковиќ.. Весници, Младина, НИН, Корчулански школи, Праксис. Многу истакнати уметници, перфектни филозофи, луѓе на место, се дигнаа против СФРЈ и системот во тоа време да ни отвараат очи на сите колку сме во суштина назадни и ретро и колку сме заробени во личната неслобода која системот само ја стимулира.

Сетете се кои беа тоа фасцинации од западниот начин на култура, имитации во почеток кои беа мимикрија на западните звуци, следење на имагинациите на холивудскиот шљам и влегување во туѓото и непознатото.

А гледајте!!

Што е многу интересно. Најголемите антирежимски критики беа во југословенскиот социјализам и што е тотален парадокс државата на овие уметнички дела им даваше уметничка тежина, ги финансираше и од нив правеше култни остварувања.

Денес дел од тие актери се живи , многу од нив се мртви.

Ама едно е заедничко за сите. Сите за живот и живите во смрт се каат за таа наша културна девијација, кога со помош на две гитари, три листа хартија и четири пенкала не одведоа во пеколот на западниот општ шунд.

Денес Џони Штулиќ изјавува дека никогаш нема да запее на окупирани територии, Влада Дивљан пред смртта изјави како кад смо били скупа било је идеално, Бора Чорба на една свадба во Делчево кај што беше гост со престој во хотелот ми рече,- брате изгледа смо сви попушили, а Ведрана Рудан кажува дека носталгијата за слободата во нејзиниот организам изгледа ќе предизвика рак.

Замислете само кога овие хипер интелектуалци во една фаза од животот го извадиле паметот на пазар, како тогаш би се однесувал обичниот човек или мануелен работник во дадена ситуација.

Од денешен аспект се е смешно и трагично.

Веќе никој и не разговара за црвена контрареволуција или за бирократија и буржуазија која од обичниот свет се дели што имала Застава возило со малку посилна кубикажа или што нивниот син наместо да служи војска во Љубљана , успеал со прекоманда во Сарајево за да биде поблиску до Скопје.

Денес разговараме за нешто сосема друго..

Денес се протестира за смена на елити, шверцери, дилери и клептомани. Сето тоа е феудален аранжман чија глава над вода ја држат амбасадите!

Единствена држава која го финансираше сопственото уништување во било која област е СФРЈ. Толку за црвената диктатура!

Денес е смешно..

За што некогаш дигаше глас интелигенцијо!

Дали си свесна кај не однесе?

Објавата на Василевски ви ја пренесуваме во целост: