(Видео)Јанчев: За Мемов од ЗНАМ да биде директор во ПИОМ – се намалуваат стандардите
Излагање на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната Комисија за социјална политика, демографија и млади, по однос на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кои измени се спуштаат стандардите за именување на директор на ПИОМ:
„Со овој Закон меѓу другото, се трга обврската за тој што сака да биде директор на ПИОМ да има меѓународно признат сертификат за англиски јазик. И ова е последица на бруката со директорот на АНБ, Христовски, за којшто излегоа информации дека извадил сертификат од фирма во Бугарија која години наназад пријавува дека нема никакви деловни активности. Потоа се појавија уште многу директори без сертификати или со лажни сертификати.
Очигледно, сите во Македонија кои сакаат да бидат директори – не сакаат да седнат и положат за меѓународен сертификат, туку сакаат само да бидат директори. И сега, со измените им се овозможува, конкретно на оној кој треба да биде директор на ПИОМ, да стане директор без да има меѓународен сертификат за англиски.
И нормално, нашите директори не се будали да седнат да учат за меѓународни сертификати… ќе си извадат тука сертификати коишто нема да бидат меѓународни, имајќи предвид дека во Македонија има негативна селекција – овие луѓе без меѓународни сертификати, на конкурсите за директор ќе имаат предност пред оние коишто ќе имаат меѓународни сертификати.
Дали овие измени се прават за да му се угоди на портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, којшто моментално е ВД директор, па сега се прават измени за тој да стане директор без меѓународно признат сертификат?
Инаку, вакви измени на закони поминаа и на претходна седница – се менуваше законот за Државен испитен центар, се смени и Законот за спречување на перење пари, таму ВД директор е Кујтим Ибиши од ВРЕДИ, веројатно и тој нема меѓународно признат сертификат.“
Излагањето на пратеникот Јанчев ви го пренесуваме во целост: