Историја на 8 Март: Како од штрајкови стигнавме до каранфили
Историјата на настанувањето на 8 Март како Меѓународен ден на жената има прилично нејасен почеток. Некои го поврзуваат со 1857 година, кога текстилните работнички излегоа на улиците и поставија барања за зголемување на платите, подобрување на работните услови и право на глас. Други сметаат дека датумот потекнува од почетокот на 20 век, кога жените организираа демонстрации барајќи еднаква плата независно од полот, како и рамноправност во сите други сегменти.
Кратка историја на 8 Март:
1908 година, Њујорк – Социјалдемократската партија организира митинзи за правата на жените. До 1913 година, овие митинзи се одржуваат секоја последна недела во февруари.
1910 година, Копенхаген – Клара Цеткин на Меѓународниот конгрес на социјалистите предлага воспоставување на посебен ден кога жените ќе го насочуваат вниманието на општеството кон своите проблеми.
19 март 1911 година – Првите маршеви посветени на Денот на работничките се одржуваат во Германија, Данска, Шведска и неколку други земји.
25 март 1911 година – Пожарот во Triangle Shirtwaist Factory во Њујорк, при кој загинаа 146 работнички, главно млади жени, поради занемарени безбедносни услови. Овој настан ја истакнува потребата за подобри работни услови и безбедност на работното место.
2 март 1913 година – Првиот митинг се одржува во Русија.
8 март 1914 година – Празникот истовремено го одбележуваат Холандија, Австрија, Данска, Германија, Швајцарија и Русија.
Февруари 1917 година, Петроград – Почнуваат демонстрации поради тешкиот живот на работничките, со барања за „леб и рамноправност“. Тие прераснуваат во улични немири, што на крајот доведува до смена на власта.
8 март 1921 година – Официјално станува државен празник. Жените – хероини на револуцијата и работничките од фабриките слават.
8 март 1965 година – Во Советскиот Сојуз денот станува официјален неработен ден, до тогаш веќе целосно губејќи ја својата врска со револуцијата.
Историја на настанувањето на празникот
Иако постојат различни мислења за точниот датум на првата демонстрација, ќе започнеме со разгледување на историјата на 8 Март од првиот „марш на празните тенџериња“ во 1857 година. Тогаш новинарите го омаложуваат протестот нарекувајќи го „прошетка“, а властите не одговараат на барањата на демонстрантите. Организираниот марш всушност е марш на текстилни работнички кои јасно ги изразиле своите барања за подобри работни услови, пократко работно време и повисоки плати.
Нивните барања биле сосема легитимни, ако земеме предвид дека 54 години подоцна започнува вистинската историја на 8 Март, и тоа од трагедија. Во тој период, на 25 март 1911 година, во зграда на текстилната фабриката Triangle Shirtwaist Factory во Њујорк избувнал голем пожар, при што загинале речиси 200 луѓе од кои 146 млади жени работнички. Причината за пожарот е тоа што работниците често пушеле поради глад, што довело до пожар. Но, тие не можеле и не смееле да го напуштат објектот: вратите биле заклучени однадвор до крајот на смената.
Наназад, во 1908 година, кон крајот на февруари, маршот на празните тенџериња е повторен со истите барања: еднакви права, подобри работни услови и право на глас. Но, тогаш властите на Њујорк претпочитале да повикаат полиција и да го прекинат маршот.
1910 година се одбележува поради тоа што штрајковите се одржале веќе во сите големи градови на САД.
Историјата на 8 Март добива меѓународен карактер. Во Данска се одржала II конференција на социјалистките, на која учествувала легендарната Клара Цеткин. Таму, на заедничко гласање, било потврдено дека Меѓународниот ден на солидарност на работничките треба да се одржи.
На следната годишнина, митинзи се организирани во неколку земји од денешна Европска Унија. Вкупно, повеќе од еден милион луѓе поминале низ градските улици, вклучувајќи ги двата пола. Митингот бил поврзан со Денот на Париската комуна и се одржал на 19 март. Така пак, историјата на празникот 8 Март започнува во 1914 година, кога демонстрациите станале навистина меѓународни и се одржале во осум земји.
Февруарските настани од 1917 година во Москва и Петербург многу историчари ги сметаат за пресвртница на почетокот на револуцијата. На 23 февруари (8 март по грегоријанскиот календар), митингот во чест на Меѓународниот ден на работничките прераснал во вистински бунт. Гладните работници штрајкувале против ужасните услови за работа, превртувале трамваи и организирале борби со полицијата.
Во Русија пак, историјата на настанувањето на празникот 8 Март може да се смета токму од времето на превратот. Кога комунистите дошле на власт, жените започнале да учествуваат на изборите. Тоа се случило една година порано пред Британија да им го даде тоа право на жените, а САД истото го имплементираа по три години..
Во 1921 во Советскиот Сојуз веќе почнале да се формираат разни женски синдикати, комитети, совети, сè што било поврзано со правата и слободите на жените. Сепак, овој свечен ден се однесувал само на тие жени кои ја поддржувале револуцијата или се занимавале со тогаш таканаречените „машки“ професии.
Президиумот на Врховниот Совет на СССР го прогласил 8 март за неработен ден дури во 1965 година. До тогаш, револуционарните побуди во општеството веќе исчезнале, а празникот почнал да добива чиста “женска” боја.
Точно во 1975 година, прогласена од ООН како „Година на жените“, Генералното собрание го потврдило 8 Март како Меѓународен ден на жените. Оттогаш, Обединетите нации секоја година на овој датум организираат тематски собири кои повикуваат на внимание кон проблемите и нарушувањето на правата на жените.
Кратко кажано, историјата на 8 Март започна од штрајкови на гладни работнички, што на чуден начин прерасна во празник на пролетта, женственоста и мајчинството. На овој датум вообичаено е да им се честита на сите жени, а не само на револуционерките и работничките.
Како од штрајкови стигнавме до каранфили
Историјата на каранфилите, подароците и честитките на 8 Март има неколку интересни пресврти. Пред само сто години, никој не би помислил да ги чести жените „со празник за кафана“. Овој ден бил симбол на борбата против гладот, самоволието и неправдата. Весниците на овој ден не објавувале симпатични стихови и слики, туку повици да се работи уште потешко за доброто на татковината.
Ако се разгледува историјата на настанувањето на 8 Март како празник, таа започнува не така одамна, токму кога денот станал неработен. Тогаш традиционален подарок станал букет каранфили или за побогатите рози, мимози, кутија со бонбони или чоколадо. Се честитало веќе на сите жени, а не само на работничките во фабриките.
За краток период, суштината на празникот се променила. Ако се резимира, историјата на 8 Март, тоа е историја на борбата на жените за еднаквост. Но денес за жал малкумина се сеќаваат на вистинските причини за неговото настанување. За многу жени, овој ден е едноставно повод да не се мијат чинии.
Според податоците од едно социолошко истражување, само 7% од луѓето во Европа го поврзуваат овој ден со стремежот за еднаквост. 30% сметаат дека тоа е само обичен пролетен ден, а 57% едноставно го нарекуваат Меѓународен ден на жените, без да навлегуваат во детали. Повеќе од половина од анкетираните изјавиле дека за нив 8 Март е едноставно дополнителен слободен ден, а 33% само сакаат да добијат подарок.